Економија
ЦАРИНИТЕ ЗА МЕКСИКО И КАНАДА ЈА КРЕИРААТ ЦЕНАТА НА НАФТАТА
01.02.2025
Цените на нафтата на меѓународноиот пазар се задржаа под 77 долари во петокот, бидејќи инвеститорите се фокусираа на одлуките на Вашингтон и најавените царини за Мексико и Канада. На лондонскиот пазар цената на барелот беше речиси непроменета од претходното затворање на тргувањето и изнесуваше 76,78 долари. Позначителни промени немаше на американскиот пазар каде барелот се тргуваше по 72,71 долари.
Кон крајот на неделата вниманието на трговците се сврте кон најавените американски царини за Канада, Мексико и Кина, пренесува Мина.
Американскиот претседател Доналд Трамп се закани дека ќе воведе царини за канадски и мексикански увоз уште денеска доколку Торонто и Мексико Сити не престанат со испораките на фентанил во Соединетите држави (САД). Канада и Мексико се главните добавувачи на нафта за САД, но моментално не е јасно дали и тие ќе бидат засегнати од царините кои се најавени од администрацијата на претседателот Доналд Трамп.
фото freepic