Економија
„АНЕМИЧНАТА“ ЕВРОЗОНА ЌЕ ПРОДОЛЖИ ДА ЗАОСТАНУВА ЗАД РАСТОТ НА САД
01.02.2025
Економијата на еврозоната стагнираше во последниот квартал бидејќи загрижените потрошувачи се воздржаа од трошење, зголемувајќи ги стравувањата дека долгоочекуваното закрепнување може дополнително да се одложи, покажаа податоците на Евростат. Бруто домашниот производ во 20-те земји во еврозоната остана непроменет во однос на претходниот квартал, кога порасна за 0,4 отсто.
Економистите посочуваат дека растот на еврозоната е анемичен во последните две години бидејќи индустријата е во длабока рецесија поради високите трошоци за енергија.
Џек Ален-Рејнолдс од „Capital Economics“ верува дека изгледите за еврозоната се полоши отколку што мислат повеќето и очекува тоа да ја поттикне ЕЦБ дополнително да ги намали каматните стапки. За цела 2024 година, економијата на еврозоната порасна за 0,7 отсто, додека во четвртиот квартал, во споредба со претходната година, растот беше 0,9 отсто.
Процените за САД се раст од 1,8-1,9 отсто, што сугерира дека еврозоната ќе заостанува зад најголемата светска економија во годините што доаѓаат.
Главната причина за тоа е слабиот раст на продуктивноста во еврозоната и структурните проблеми, комплицирани регулативи и политички несогласувања до фрагментирани пазари, што ќе ги ограничи подобрувањата, објави „Пословни дневник“.
фото freepic