Економија

ЕВРОПСКАТА КОМИСИЈА ОТВОРА ДИЈАЛОГ ЗА ИДНИНАТА НА ЕВРОПСКАТА АВТОМОБИЛСКА ИНДУСТРИЈА

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен минатата недела го отвори стратешкиот дијалог за иднината на европската автомобилска индустрија, што треба да резултира со сеопфатен акционен план на почетокот на март за да можат европските производители успешно да се натпреваруваат на глобалната сцена.

- Основното прашање на кое треба да одговориме заедно е што сè уште ни недостасува за да ја ослободиме иновативната моќ на нашите компании и да обезбедиме силен и одржлив автомобилски сектор, рече Фон дер Лајен.

Стратешкиот дијалог ги вклучува клучните европски производители и сите засегнати страни во автомобилскиот сектор.

Европската автомобилска индустрија е во голема криза и се потешко се справува со кинеската конкуренција. На пример, германските производители се борат со слабата продажба, како и со високите трошоци за префрлување на електрични погонски системи. Барањето на ЕУ за драстично намалување на емисиите ја продлабочува кризата.

Според извештаите на медиумите, Фолксваген очекува да плати околу 1,5 милијарди евра оваа година за неисполнување на целите на ЕУ за емисии. Автомобилскиот сектор е витален дел од европската економија, директно и индиректно вработува повеќе од 13 милиони луѓе и учествува со значителен дел во европскиот БДП, пренесе „Пословни дневник“.


фото freepic 

 

ПРЕПОРАЧАНО