Економија

ШПАНСКАТА ВЛАДА ДОНЕСЕ ОДЛУКА ЗА НАМАЛУВАЊЕ НА РАБОТНАТА НЕДЕЛА

Министрите во шпанската влада се согласиле за законско намалување на работната недела на 37,5 часа без да се промени платата, наспроти противењето на работодавачите. На редовната седница на владата денеска е одобрено намалувањето на работната недела од сегашните 40 часа, а одлуката е потпишана од министерката за труд Јоланда Диаз, која е претседател на левичарска партија во Шпанија.

- Овој предлог значи дека живееме подобро, работиме помалку, стануваме  попродуктивни и економски поефикасни, изјави Диаз.

Оваа одлука треба да биде изгласана од парламентот, каде владата предводена од социјалистичкиот премиер Педро Санчез нема јасно мнозинство, пренесува „Бизнис.ба“.


фото freepic 

 

ПРЕПОРАЧАНО