Економија

САД СО НАЈВИСОК МЕСЕЧЕН ТРГОВСКИ ДЕФИЦИТ ВО ДЕКЕМВРИ

Трговскиот дефицит на САД во декември се зголеми на 98,4 милијарди долари,  од 78,9 милијарди долари во ноември, поради растот на увозот додека извозот се намали, се вели во извештајот од Бирото за економски анализи.

Тоа е најголемиот месечен трговски дефицит од март 2022 година, бидејќи американските компании побрзаа да обезбедат залихи на стоки пред претседателот Доналд Трамп да воведе увозни царини, се додава во извештајот.

Американскиот дефицит во стоковниот сектор за декември изнесува 123 милијарди долари, додека суфицитот во услужниот сектор е намален на 24,5 милијарди долари.

Вредноста на американскиот увоз се зголеми за 3,5 отсто во декември на 364,9 милијарди долари, додека извозот се намали за 2,6 отсто на 266,5 милијарди долари.

Вкупниот трговски дефицит на САД за 2024 година се зголеми за 17 отсто на годишно ниво на 918,4 милијарди долари.

Соединетите држави забележаа најголем трговски дефицит со Кина, во износ од 295,4 милијарди долари, со Европската Унија 235,6 милијарди долари, со Мексико 171,8 милијарди долари и со Виетнам 123,5 милијарди долари, пренесува „Политика“.


фото freepic 

ПРЕПОРАЧАНО