Економија

ЕВРОЗОНАТА БИ БИЛА НАЈГОЛЕМИОТ ГУБИТНИК ВО ТРГОВСКАТА ВОЈНА САД-КИНА, тврди италијански економист

Пред Европската централна банка има уште простор за намалуваљње на каматните стапки, поради намалувањето на стапката на инфлација во еврозоната, изјави Пиеро Циполоне италијанскиот економист кој е  член на извршниот одбор на ЕЦБ.

Според него, трговската војна меѓу американската влада и Кина може да има штетни последици за целата еврозона.

- Голем фактор на несигурност е американската трговска политика и тоа може силно да ја погоди Европа, дури и пред да има какви било директни трговски бариери со Европската Унија. Повеќе сум загрижен ако американскиот претседател Трамп започне отворена трговска војна со Кина... Тоа е посериозна закана, бидејќи Кина има 35 отсто од целиот глобален производствен капацитет, тврди Циполоне, пренесува „Бизнис.ба“.


фото freepic 

ПРЕПОРАЧАНО