Економија

ГЕРМАНИЈА СО ТРГОВСКИ СУФИЦИТ И ПОКРАЈ НИСКИОТ ЕКОНОМСКИ РАСТ ВО ЗЕМЈАТА!

Германија постигна трговски суфицит од 241,2 милијарди евра во 2024 година, покажуваат податоците на Дестатис.

Извозот на земјата изнесуваше 1,55 илјада милијарди  евра, а увозот достигна 1,31 илјада милијарди евра во 2024 година. Извозот е намален за 1,3 отсто, а увозот за три отсто во однос на 2023 година. На годишна основа, германскиот извоз се зголеми за 3,4 отсто во декември на 131,7 милијарди евра, додека неговиот увоз исто така се зголеми за 4,5 отсто на 111,1 милијарди евра.

На месечно ниво, извозот во декември е зголемен за 2,9 отсто, а увозот за 2,1 отсто во однос на ноември.

Извозот на Германија во земјите-членки на ЕУ во декември изнесува 72,4 милијарди евра, додека нејзиниот увоз од овие земји во истиот период изнесува 57 милијарди евра.

Извозот на земјата во земјите надвор од ЕУ изнесува 59,3 милијарди евра во декември 2024 година, додека увозот од овие земји изнесува 54,1 милијарди евра.

Најголем дел од германскиот извоз во декември отишол во САД, 3,5 отсто помалку од ноември, со вкупно 13,5 милијарди евра.

Во меѓувреме, извозот во Кина се зголеми за 1,4 отсто на 6,7 милијарди евра, додека извозот во Велика Британија се намали за три отсто на три милијарди евра.

Германскиот увоз во декември доаѓа главно од Кина, во вкупна вредност од 13,4 милијарди евра, пренесува „Бизнис.рс“.


фото freepic 

 

ПРЕПОРАЧАНО