Потрошувачката на челик во Европската Унија, според прелиминарните податоци, минатата година се намалила за 2,3 отсто и достигна 127 милиони тони, објави европската асоцијација за челик Еурофер.
Сегашната бројка е понеповолна од претходната прогноза на здружението, кога се очекуваше пад на производството од 1,8 отсто.
Потрошувачката нема значително да закрепне оваа година. Во 2025 година, закрепнувањето на потрошувачката на челик ќе биде побавно отколку што претходно предвидуваше асоцијацијата, со очекуван раст од 2,2 отсто во однос на претходно очекуваните 3,8 отсто, под услов индустриската ситуација да се развива позитивно и глобалните тензии, кои во моментов се непредвидливи, да се смират, се вели во извештајот на Еурофер.
Потрошувачката би можела да биде околу 130 милиони тони во 2025 година и 133 милиони тони во 2026 година, пренесува „Бизнис.ба“.
фото freepic