Економија

САМО ШВЕДСКА ЈА ИСПОЛНИЛА ЦЕЛТА ЗА ОБНОВЛИВА ЕНЕРГИЈА ВО ТРАНСПОРТОТ

Уделот на обновливите извори на енергија во транспортот на ниво на Европската Унија достигна 10,8 отсто во 2023 година, што е зголемување за 1,2 процентни поени во споредба со претходната година, објави статистичката канцеларија на ЕУ, Еуростат.

Еуростат вели дека тој удел бил за 18,2 процентни поени помал од целта од 29 отсто до 2030 година.

Постигнувањето на целта за користење на обновливите извори на енергија во транспортот ќе бара просечен годишен пораст од 2,6 проценти помеѓу 2024 и 2030 година.

Просечниот годишен пораст регистриран во периодот од 2014 до 2023 година изнесува 0,43 процентни поени.

Шведска имаше најголем удел на обновливи извори на енергија во транспортот (33,7 проценти) од сите земји на Европската Унија и беше единствената земја што веќе ја постигна целта за 2030 година.

Финска е на второ место (20,7 отсто), а потоа следат Холандија (13,4) и Австрија (13,2).

Најмал удел е забележан во Хрватска (0,9 отсто), Летонија (1,4) и Грција (3,9).


фото freepic 

 

ПРЕПОРАЧАНО