Економија
Референдум во Швајцарците против воведување построги еколошки правила во економијата
09.02.2025
Околу 70 отсто од гласачите во Швајцарија на денешниот референдум го отфрлија прeдлогот за воведување построги еколошки правила за економијата, покажуваат првичните резултати шти ги пренесува ДПА.
Според податоците на институтот GfS.Bern, помалку од една третина од гласачите го поддржаа предлогот на младинското крило на швајцарската Партија на зелените.
Предлогот имаше за цел да обезбеди дека економските активности на Швајцарија, во рок од 10 години, ќе трошат само онолку ресурси и ќе испуштаат онолку загадувачи колку што природата може одржливо да поднесе.
Швајцарската влада се спротивстави на предлогот, предупредувајќи дека неговото усвојување на денешниот референдум може да доведе до наметнување на тешки обврски за бизнисите, ограничување на потрошувачката и зголемување на цените.
Не се соопштени информации за излезноста на гласачите. Избирачките места се затворени во 12 часот. по локално време, но над 90 отсто од гласачите во Швајцарија гласаат по пошта, пренесува ДПА.
Извор/фото МИА