Економија
ФРАНЦИЈА ПЛАНИРА ДА ИЗГРАДИ НАЈГОЛЕМ КАМПУС ЗА ВЕШТАЧКА ИНТЕЛЕГЕНЦИЈА ВО ЕВРОПА
10.02.2025
Водечките светски политички лидери се состануваат денеска на Самитот за вештачка интелигенција во Париз, каде се очекуваат предизвикувачки дипломатски разговори и битка меѓу технолошките гиганти за доминација во технолошката индустрија која брзо напредува, пренесува агенцијата АП.
Во секторот за вештачка интелигенција (ВИ) моментално доминираат американски корпорации, а кинеските компании го следат примерот. Франција и Европа, од друга страна, значително заостануваат.
Aмериканската корпорација Амазон оваа година ќе инвестира околу сто милијарди долари во инфраструктура за вештачка интелигенција. Само во последниот квартал компанијата инвестираше повеќе од 25 милијарди евра во својата инфраструктура.
Франција планира и свој проект за вештачка интелигенција. Според официјалните најави, најголемиот кампус за вештачка интелигенција во Европа треба да биде основан во Париз. Срцето на овој проект ќе биде огромен центар со сопствен, моќен енергетски систем.
Планирани се инвестиции од „30 до 50 милијарди евра“, а во финансирањето ќе учествуваат и Обединетите Арапски Емирати, соопшти Елисејската палата, објави „Дојче веле“.
фото freepic