Економија

БРАЗИЛ ЌЕ ВОВЕДЕ ДИГИТАЛЕН ДАНОК ЗА АМЕРИКАНСКИТЕ ИНТЕРНЕТ ПЛАТФОРМИ?

Бразил може да ги оданочи американските технолошки платформи доколку американскиот претседател Доналд Трамп ги ратификува тарифите за увоз на челик и алуминиум,  објавија денеска бразилските медиуми.

Одлуката на Трамп, која се очекува да биде официјализирана денеска, може директно да влијае на Бразил, кој  извесува на американскиот пазар стоки во вредност од 5,7 милијарди долари, што е  48 отсто од нивниот вкупен извоз во 2024 година.

Владата на бразилскиот претседател Луис Инасио Лула да Силва се обидува да избегне отворен трговски конфликт, но ја препознава потребата за одговор во случај на воведување царини од САД.

Предложениот дигитален данок ќе ги таргетира познатите американски платформи. Данокот, наводно, ќе ги заштити бразилските индустриски сектори од зголемување на трошоците и има поддршка од главните претставници на индустријата, пренесува Б92.


фото freepic 

ПРЕПОРАЧАНО