Економија
ВО ХРВАТСКА ЌЕ СЕ ДВИЖАТ ВОЗОВИ СО 160КМ/Ч
10.02.2025
Хрватска железница Инфраструктура објави тендер за реконструкција и изградба на втората пруга на железничката линија Дуго Село - Новска, која е најголемиот проект за железничка инфраструктура во историјата на Република Хрватска.
Делницата во должина од 83 километри ќе се модернизира преку проект вреден 620 милиони евра, кофинансиран од Европската Унија, преку Инструментите за поврзување на Европа (CEF) и Програмата за конкурентност и кохезија (ПКК).
По завршувањето на работите, по оваа делница ќе се движат возови со брзина до 160 км/ч, со што значително ќе се подобри безбедноста и ефикасноста на железничкиот транспорт, соопшти ХЖ Инфраструктура.
Проектот опфаќа целосна реконструкција на постојната железничка пруга и изградба на дополнителна пруга, како и модернизација на клучните станици и постојки долж трасата, пренесува „Сеебиз“.
фото freepic