Економија
ТРАМП ВОВЕДЕ ЦАРИНИ ОД 25 ОТСТО ЗА УВОЗ НА ЧЕЛИК И АЛУМИНИУМ БЕЗ ИСКЛУЧОК
11.02.2025
Американскиот претседател Доналд Трамп воведе царини од 25 отсто за увоз на челик и алуминиум во САД, а оваа одлука се однесува на сите земји без исклучок, објави Белата куќа.
- Ова е голема работа. Почеток на повторното збогатување на Америкa, рече Трамп при потпишувањето на одлуката во Овалната соба, објави NBC News.
Со оваа одлука, која стапува на сила на 4 март, Трамп ги зголемува постоечките царини од 2018 година од 10 на 25 отсто.
Американскиот претседател Доналд Трамп воведе специјални царини од 25 проценти за целиот увоз на челик и алуминиум, а изјави дека размислува и за дополнителни царини.
- Тие изнесуваат 25 проценти без исклучоци или ослободување, изјави Трамп во Белата куќа. Тој размислува за исклучок за Австралија кога се во прашање царините за челик.
Трамп потпиша две извршни наредби со кои се укинуваат исклучоците и ослободувањата од неговите царини за челик во 2018 година. Предвидено е наредбите да стапат на сила на 4 март. „Ова е голема работа“, истакна американскиот претседател, на ваков начин Америка повторно ќе се збогати. Трамп посочи дека размислува за воведување дополнителни царини за автомобили, лекови и компјутерски чипови.
Трамп го оправда можното ослободување на Австралија од царините со трговски суфицит на САД со земјата.
„А причината е што купуваат многу авиони. Тие се прилично далеку и им требаат многу авиони“, рече Трамп.
Според австралискиот премиер Ентони Албаниз, Трамп претходно „се согласил да се разгледа изземањето во интерес на двете земји“, пренесе „Дојче веле“.
фото freepic