Економија

НОРВЕШКА ВЛЕЗЕ ВО РЕЦЕСИЈА!

Норвeшкиот БДП се намали во четвртиот квартал минатата година, покажаа податоците од одделот за статистика на Норвешка. Економијата влезе во рецесија на крајот на 2024 година, со континуираниот пад на активноста во секторот за нафта и гас.

Норвешката економија,  од октомври до декември во 2024 година, се намали за 0,6 отсто во однос на претходните три месеци кога, според ревидираните податоци, падна за 1,6 отсто.

Норвешка на тој начин влезе во рецесија на крајот на годината бидејќи активноста се намалуваше два квартали по ред, пренесува „Индекс“.

Активностите во секторот вадење нафта и гас и транспорт се намалени за еден процент во однос на летниот квартал кога се намали за 5,1 отсто. Без секторот за нафта и гас, БДП на Норвешка се намали за 0,4 отсто во четвртиот квартал лани.


фото freepic 

ПРЕПОРАЧАНО