Економија
ОПЕК ЈА ЗАДРЖА ПРОГНОЗАТА ЗА ПОБАРУВАЧКАТА НА НАФТА НАСПРОТИ ЦАРИНИТЕ ОД САД
12.02.2025
Организацијата на земјите извознички на нафта (ОПЕК) денеска во својот месечен извештај во февруари ја задржа прогнозата за раст на глобалната побарувачка на нафта во 2025 година на 1,45 милиони барели дневно (bpd) и на 1,43 милиони барели дневно во 2026 година.
ОПЕК верува дека патниот и воздушниот транспорт ќе ја зголемат потрошувачката на нафта и не очекува потенцијалните трговски царини да влијаат на глобалниот економски раст, пишува Ројтерс.
Од ОПЕК наведуваат дека трговската политика на администрацијата на претседателот Доналд Трамп внесе поголема несигурност на пазарите, потенцијално создавајќи нерамнотежа во понудата и побарувачката, но не ја променија нејзината прогноза за економски раст за 2025 година, пренесува РТВ.
фото freepic