Економија

ЕУ РАЗГЛЕДУВА ОПЦИЈА ЗА ОДРЕДУВАЊЕ ГОРНА ГРАНИЦА НА ЦЕНАТА НА ГАСОТ

 Брисел размислува за можноста од воведување на  привремено ограничување на цените на гасот во ЕУ. Цените на европскиот природен гас неделава го достигнаа највисокото ниво за повеќе од две години, делумно поради ниските температури и недостатокот на ветер што го отежна производството на обновлива енергија. Цените на гасот се значително повисоки отколку во САД, што претставува и проблем за конкурентноста на европските компании.

Европската комисија го разгледува ограничувањето како дел од дискусиите за документот за политика за „чист индустриски договор“ што ќе биде претставен следниот месец, изјавија неименувани извори  запознаени со преговорите.

Разговорите за механизмите за ограничување на цените на гасот, иако сè уште се во рана фаза, предизвикаа бурни реакции кај индустриските групи кои предупредуваат дека се поткопува „довербата“ на европскиот пазар.

ЕУ првпат предложи слично ограничување на цените на гасот во 2022 година, во екот на енергетската криза. Горната граница никогаш не беше усвоена бидејќи цените останаа под референтната вредност од 180 евра за мегават-час, пренесува „Сеебиз“.


фото freepic 

 

 

 

 

 

ПРЕПОРАЧАНО