Економија

БРИТАНСКАТА ЕКОНОМИЈА ПОСТИГНА СКРОМЕН РАСТ

Британската економија речиси стагнираше во четвртиот квартал од 2024 година забележа умерен раст во градежниот сектор и значителен пад во индустријата, објави во четвртокот Канцеларијата за национална статистика.

Во периодот од октомври до декември, британскиот БДП порасна за само 0,1 отсто во однос на претходните три месеци. Во периодот од октомври до декември активноста најмногу пораснала во градежниот сектор, за 0,8 отсто во однос на претходните три месеци. Благ раст бележи и услужниот сектор, од 0,2 отсто.

Активноста во индустријата, пак, е намалена за 0,8 отсто во однос на летниот квартал.

Во првата половина од минатата година, економската активност порасна умерено, со раст од 0,7 отсто во првите три месеци што означува излез од блага рецесија во 2023 година.

На годишна основа, БДП во четвртиот квартал се зголеми за 1,1 отсто.

Во цела 2024 година, БДП порасна за 0,9 отсто, што е за двапати посилно од 2023 година.

Благиот раст на самиот крај на годината ги одразува добрите резултати од услужниот сектор, пред се веледрогериите, филмските дистрибутери, пабовите и кафеаните, но и производителите на машини и лекови, пренесува „Пословни дневник“.


фото freepic 

 

ПРЕПОРАЧАНО