Економија

Трошоците на живот во јануари повисоки за 4,9 %, а цените на мало за 5,2 %

Индексот на трошоците на животот во јануари 2025, во однос на јануари 2024 година, бележи зголемување од 4,9 %, а индексот на цените на мало раст од 5,2 %, соопшти Државниот завод за статистика. 

Инфлацијата мерена преку индексот на трошоците на животот во јануари 2025 година, во однос на декември 2024 година, изнесува 0,2 %.

Зголемувањето на инфлацијата во јануари 2025 година, во однос на декември 2024 година, е резултат на зголемувањето на трошоците на животот во следните групи: Разновидни стоки и услуги за 1,6 %, Мебел, покуќнина и одржување на домаќинствата за 1,5 %, Ресторани и хотели за 0,7 %, Храна и безалкохолни пијалаци, Алкохолни пијалаци, тутун и наркотици и Рекреација и култура за 0,1 %.

Во јануари 2025 година, во однос на декември 2024 година, намалување на трошоците на животот е забележано во следните групи: Транспорт за 0,9 %, Комуникации за 0,4 % и Облека и обувки за 0,2 %.

Трошоците на животот во групите: Домување, вода, електрика, гас и други горива, Здравје и Образование остануваат на исто ниво како и во претходниот месец.

Индексот на цените на мало во јануари 2025 година во однос на декември 2024 година бележи намалување од 0,4%.

 

ПРЕПОРАЧАНО