Економија
АМЕРИКАНЦИТЕ ПОМАЛКУ ТРОШЕЛЕ, НЕИЗВЕСЕН РАСТОТ ВО ПРВИОТ КВАРТАЛ!
15.02.2025
Продажбата на мало во САД во јануари падна за 0,9 отсто на месечно ниво, објави американското Министерство за трговија. Аналитичарите очекуваа многу поскромно намалување од 0,2 отсто.
Американските потрошувачи значително ги намалија своите трошоци во јануари, што укажува на потенцијално слабеење на економскиот раст во иднина, се додава во извештајот.
Трошоците на домаќинствата сочинуваат околу две третини од целата економска активност во САД, така што послабите бројки може негативно да влијаат на растот во првиот квартал од 2025 година, пренесува CNBC.
Приходите во продавниците за спортска опрема, музика и книги се намалени за 4,6 отсто месечно, додека онлајн продавниците забележаа пад од 1,9 отсто, а трошоците за моторни возила и делови за 2,8 отсто, пренесува „Политика“.
- Падот беше драматичен, но неколку ублажувачки фактори сугерираат дека нема причина за тревога. Некои од тоа може да се припишат на лошите временски услови, а некои на падот на продажбата на автомобили во јануари по невообичаениот пораст во декември поради силните стимулации на дилерите, коментира Роберт Фрик, корпоративен економист во Федералната кредитна унија, пренесува „Политика“.
фото freepic