Економија
ЛОНДОН ПОДГОТВУВА ПЛАН ЗА ЗАШТИТА НА БРИТАНСКАТА ИНДУСТРИЈА ЗА ЧЕЛИК
17.02.2025
Владата на Обединетото Кралство објави план вреден повеќе милијарди фунти за заштита на британската индустрија за челик, која се соочува со закана од американски царини. Владата на Кир Стармер денеска објави дека ќе одвои до 2,5 милијарди фунти (три милијарди евра) за поддршка на секторот.
Владата во Лондон, почна консултации за тоа како да се „заштити челичниот сектор од нефер трговски практики во странство“ и да се намалат високите трошоци за електрична енергија, објави француската новинска агенција АФП.
„Британската челична индустрија има долгорочна иднина под оваа влада“, изјави бизнис секретарот Џонатан Рејнолдс.
Соопштението на британската влада доаѓа неколку дена откако американскиот претседател Доналд Трамп објави дека од 12 март ќе воведе царини од 25 отсто за увоз на челик и алуминиум во САД.
Најголеми извозници на челик во САД се Канада, Мексико и Бразил, а потоа следат Јужна Кореја. Британија извезува околу 10 отсто од својот челик во САД, во вредност од речиси 400 милиони фунти (480 милиони евра) во 2023 година, пренесе „Свијет.хр“.
фото freepic