Бројот на вработени во јужнокорејскиот производствен сектор во јануари падна на најниско ниво во последните 12 години поради послабиот економски раст. Бројот на вработени во тој сектор на крајот на јануари изнесуваше 4,39 милиони, што е за 56.000 помалку од претходната година, објави статистиката на Кореја, објави новинската агенција „Јонхап“.
Тоа е најнискиот број на вработени од јануари 2013 година, кога бројката беше 4,32 милиони вработени.
Од јули 2024 година, бројот на вработени во производниот сектор постојано се намалува секој месец.
Ова е резултат на забавувањето на економскиот раст поради послабиот извоз и падот на домашната побарувачка и пожестоката глобална конкуренција.
Бројот на вработени опадна и во градежниот сектор, со 169.000 помалку во јануари од претходната година.
Покрај намалување на бројот на работници во производствениот и градежниот сектор, вкупниот број на вработени во Јужна Кореја се зголеми за 135.000 минатиот месец, благодарение на вработувањето во секторите за јавно здравје и социјална заштита, соопшти јужнокорејската агенција.
фото freepic