Економија
ХРВАТСКА ПОШТА СЕ РЕОРГАНИЗИРА СО ОТКАЗИ НА ВИШОКОТ НА РАБОТНИЦИ
18.02.2025
Хрватска пошта почна со процесот на реорганизација кој опфаќа и согодбен прекин на работниот однос со исплата на надомест на стотина работници кои се ангажирани на канцелариски работни задачи. Ова е почетокот на модернизацијата на поштенските услуги, што треба да овозможи зголемување на платите на поштареите и другите работници во оперативните сектори на компанијата, објави РТЛ Данас.
- Веќе шест месеци сериозно работиме со надворешен консултант за реструктуирањето на Хрватска пошта. Столбот на нашата компанија се оперативните работници, а тоа се нашите шалтерски работници, поштарите и работниците во логистичките центри, изјави Иван Чуло, претседател на Управниот одбор на Хрватска пошта.
Поштенскиот кадар недостасува во сите логистички центри, а Хрватска пошта вработува и странци во овој дел од поштенскиот сообраќај. Истовремено се воведува и роботизација, автоматизација и користење на вештачка интелегенција во работните процеси.
Во случај ако некој од вработените не прифати спогодбен прекин на работниот однос, тогаш се применуваат законските одредби за отпуштање на работници со исплата на отпремнина, велат од компанијата.
фото freepic