Економија

АМЕРИКАНЦИТЕ ПРАВАТ ЗАЛИХИ НА ПРОИЗВОДИ ПОРАДИ НАЈАВИТЕ ЗА ДОПОЛНИТЕЛНИ УВОЗНИ ЦАРИНИ

Економската несигурност поради очекуваниот раст на цените од воведување на нови царини  ги предизвика дел од американските граѓани да создаваат домашни залихи од одредени производи, покажува извештајот на американската компанија за кредитни картички за потрошувачката во февруари годинава. Секој петти Американец  го зголемил износот за купување во февруари . Околу 22 отсто од испитаниците изјавиле дека одлуките на Доналд Трамп имаат големо влијание за нивното однесување , додека 30 отсто изјавиле дека имале „одредено влијание“.  

Околу 42 отсто од Американците веќе почнале да прават залихи  или планираат тоа да го направат, пред се за производите како што се тоалетната хартија и храната. Исто така, 23 отсто изјавиле дека  годинава очекуваат повеќе да се задолжат на кредитните картички.

Официјалните лица од Федералните резерви  се неодредени околу прашањето за влијанието на дополнителните увозни царини  на инфлацијата, но предупредуваат на можните ризици од  нарушување на синџирите за снабдување и пораст на инфлаторните очекувања, што може да дојде до долготрајно поскапување на производите, пренесува „Блиц“.  


фото freepic 

 

 

 

ПРЕПОРАЧАНО