Економија
РАСТЕ БРОЈОТ НА СЛУЧАИ И КОЛИЧИНАТА НА ПОВЛЕЧЕНИ ПРОИЗВОДИ ОД ПРОДАЖНАТА МРЕЖА
21.02.2025
Бројот на повлечени производи од продажба во секој квартал од минатата година бил поголем за 3.000, покажале податоците на една европска агенција за истражување на пазарот. Со над седум илјади повлекувања на производи во првата половина на 2024, минатата година може да биде рекордна во повлекување на неквалитетни производи во Европа.
Организациите на потрошувачите апелираат до купувачите да бидат внимателни при пазарењето. Од илјада испитаници кои беа анкетирани од британско здружение за заштита на потрошувачи „Вич“, дури 12 отсто изјавиле дека во продуктите купени во маркетите пронашле „надворешно тело“. Британските граѓани навеле дека во производите пронашле гасеници, парчиња од дрво, но и разни остатоци во месните преработки. Ниеден од потрошувачите не дал одговор дека се разболеле од консумирање на продукти кои се повлечени од продажба, пренесуваат британските медиуми.
Во спрoведеното истражување била контролирана безбедноста на производите и податоците за повлекување на производи од автомобилската индустрија, индустриските производи, храната , пијалокот, фармацевтските производи и индустријата на медицинска опрема во Велика Британија и Европската Унија.
Бројот на повлечени производи се зголемил во фармацевстката (за 9,5 отсто), автомобилската (9,3 отсто) и во индустријата за храна и пијалоци (6,3 отсто), пренесува „Блиц“.
фото freepic