Економија
ОНЛАЈН ТРГОВИЈА ВО ЕУ: БУГАРИТЕ НАЈМАЛКУ КУПУВАЛЕ ПРЕКУ ИНТЕРНЕТ
21.02.2025
Граѓаните на Европската Унија се повеќе купуваат преку интернет, покажува најновото истражување објавено од Евростат.
Минатата година, 77 отсто од корисниците на интернет пријавиле дека купиле или нарачале стоки или услуги во претходните 12 месеци. Тоа е зголемување за 17 процентни поени во споредба со 2014 година.
Најголем процент на корисници на интернет кои купувале онлајн во 2024 година е забележан во Ирска со 96 отсто, Холандија со 94 отсто и Данска со 91 отсто.
Најниско учество има Бугарија со 57 отсто, а потоа следат Италија и Романија со по 60 отсто.
Корисниците најчесто купувале облека, обувки и додатоци.Граѓаните користеле и онлајн купување за испорака на храна од ресторани, синџири за брза храна и угостителски услуги (21%), козметика и велнес производи (20%) и мебел, додатоци за домот или градинарски работи (19%).
фото freepic