Економија

МОЖЕН ЦАРИНСКИ ДОГОВОР МЕЃУ САД И КИНА?

Американскиот претседател Доналд Трамп неделава најави постигнување на „можен“ трговски договор со Кина, додека кинескaта телевизија CCTV вчера пренесе информација дека „двете страни размениле мислења за можниот консензус“.

Во телефонскиот разговор меѓу потпретседателот на Владата на Кина Хи Лифенг со министерот за финансии на САД Скот Бесент било истакнато значењето  на економските и трговските односи меѓу Кина и САД  и било договорено да се продолжи со комуникацијата за прашањата кои се наметнуваат од двете страни.

На почетокот на февруари  САД  воведе дополнителни 10 отсто царини за сите производи од Кина, која има најголем трговски суфицит со Соединетите држави во размената со  стоки, од 295,4 милијарди долари во 2024 година.

Како одговор на мерката на САД, Пекинг воведе царина од 15 отсто за американскиот јаглен и течен природен гас и царина од 10 отсто за нафтата и другите американски стоки, како што се земјоделски машини и возила. Сепак, овие мерки се пропорционално многу помали од американските мерки наметнати на Кина.

Од почетокот на вториот претседателски  мандат во јануари, Доналд Трамп ги користи тарифите како главна алатка за намалување на големиот трговски дефицит на САД, пренесува Н1.


фото freepic 

ПРЕПОРАЧАНО