Економија
ЕУ ТРЕБА ДА ГРАДИ СОПСТВЕНА ПОЛИТИКА КОН КИНА, изјави шпанскиот министер за надворешни работи
24.02.2025
Европската Унија треба да осмисли сопствена политика кон Кина, наместо да го имитира конфронтирачкиот став на администрацијата на Доналд Трамп, изјави Хозе Мануел Албарес шпанскиот министер за надворешни работи, додека Брисел се обидува да се прилагоди на неодамнешното непријателство на Вашингтон кон европските сојузници.
Некои од политичките центри во ЕУ предложија да се усвои американскиот агресивен став кон Кина за да му се приближат на претседателот Доналд Трамп, но други предупредуваат да не се загрозат економските односи со Пекинг.
- Европа мора сама да носи одлуки. И ние треба да одлучиме кога Кина може да биде партнер и кога конкурент. Сигурно можеме да водиме дијалог со земја која мислам дека е наш природен сојузник, САД, изјави Хозе Мануел Албарес.
Разидувањето меѓу Трамп и Европа се продлабочи во последните денови. 27-те земји-членки на ЕУ немаат единствен став за Кина, но односите на блокот се затегнати поради трговските прашања и поддршката на Пекинг за Русија во нејзината војна во Украина, пренесува „Сеебиз“.
фото freepic