Економија
Цените на железото во САД растат поради неизвесноста околу санкциите
24.02.2025
Цената на челикот во Америка скокна за повеќе од 15 отсто во последните две недели. Иако тарифите од 25 отсто за увоз на челик и алуминиум воведени од американскиот претседател Доналд Трамп беа најавени од 12 март, нивниот ефект веќе влијае на синџирот на снабдување на производителите и градежниците кои зависат од овие метали.
Цените на челикот во САД драстично се зголемија во последните денови. Цената на топловалaниот челик на Средниот Запад порасна за 12 отсто за две недели, достигнувајќи 839 долари за тон, додека севкупно поскапе за 20 отсто откако Трамп дојде на власт, пренeсува „Бизнис.рс“
фото freepic