Кина забележа рекордни 9,02 милијарди домашни патувања во текот на 40-те дена од Лунарната Нова година. Mинатата година во истиот период беа остварени 8,4 милијарди патувања.
Бројот на патувања за време на најголемиот празник во Кина често се зема како мерило за економското здравје на земјата и стрес тест за нејзиниот огромен транспортен систем. Зголемувањето на бројот на патувања беше во согласност со очекувањата.
За време на Лунарната Нова Година беа направени околу 513 милиони патувања со воз, што е за 6,1 отсто повеќе од минатата година, додека 90,2 милиони луѓе патувале со авион, што е зголемување за 7,4 отсто, објави државната новинска агенција Ксинхуа.
фото freepic