Економија

НЕКОЛКУ ЗЕМЈИ ВО СВЕТОТ ИМААТ ВИСОКА ДВОЦИФРЕНА ИНФЛАЦИЈА

Највисока инфлација во земјите во светот  годинава се очекува во Аргентина со  54 отсто, Турција со 31,5 отсто,  Иран со 27 отсто, Нигерија со 25,2 и Египет со 17,1 отсто. Најниска инфлација се очекува во Швајцарија – само 0,8 отсто, според податоците на Euromonitor International Macro Model.

Аргентина минатата година беше рекордер по инфлација, која изнесуваше 300 проценти годишно.

Изгледите за декември и јануари покажуваат дека таа може да биде многу пониска оваа година. Една од главните цели на аргентинската влада е да ја намали инфлацијата. Има одредени прогнози дека годинава таа би можела да биде и пониска од претходно споменатата бројка, со економски раст од четири отсто, пренесува „Бизнис и финансии“.


фото freepic 

 

 

ПРЕПОРАЧАНО