Економија

„ИЛЈАДА ЕВРА СЕ ДОВОЛНИ САМО ЗА ПРЕЖИВУВАЊЕ ВО БЕЛГРАД“, реакции на граѓаните во Србија за високите трошоци за живот

Колкава плата треба да имаш за да живееш удобно во Нови Сад или во Белград?  Ова е прашањето кое на социјалните мрежи го постави една жителка на Белград, а кое предизвика лавина од одговори од нејзините сограѓани, кои претежно се  жалеа на високите трошоци за живот во градот.

Едни тврдеа дека може пристојно да се живее и со просечна плата во Србија, а други истакнаа дека се потребни многу повисоки приходи за да се покријат сите сметки и потреби во месецот.

Еден граѓанин тврди дека со плата од 120.000 динари едвај врзува крај со крај.

- Не се шегувам, мислам дека 200.000 дианри  се доволни за пристоен живот, но не и за луксузен, напишал друг жител на Белград.

„За петчлено семејство минимум 5.000 евра и тоа без преголемо опуштање“, напишал друг жител.

Во Србија просечната бруто-плата за декември 2024 година изнесува 148.428 динари, а просечната нето плата, односно без даноци и придонеси 108.312 динари, објави Заводот за статистика на Република Србија.

Медијалната плата за декември изнесува 79.624 динари, што значи дека 50 отсто од вработените го заработиле споменатиот износ. Бруто заработката лани се зголемила во однос на 2023 година номинално за 14,2 отсто или реално за 9,2 отсто, објавија медиумите во Србија.


фото freepic 

ПРЕПОРАЧАНО