Економија
МЕКСИКО ИМА ПЛАН Б ЗА ТРГОВСКИТЕ ЦАРИНИ ОД САД
25.02.2025
Мексико продолжува со преговорите со Соединетите Американски Држави во обид да постигне нов трговски договор пред истекот на рокот за паузата на царинските давачки, изјави денеска мексиканската претседателка Клаудија Шајнбаум.
Таа изрази надеж дека ќе се постигне договор кој ќе спречи потенцијална трговска војна со САД, кои се главен трговски партнер на Мексико. Сепак, американскиот претседател Доналд Трамп вчера изјави дека царините за мексиканските и канадските производи „се во сила и согласно планот“.
Шајнбаум нагласи дека Мексико има и план Б, што подразбира воведување реципрочни царини, доколку Вашингтон не се откаже од своите закани.
- Очекуваме спогодбата да биде финализирана оваа недела, изјави таа, додавајќи дека економијата на Мексико е во голема мера зависна од трговијата со САД, каде што се пласираат 80 отсто од мексиканскиот извоз.
фото freepic