Економија
ВО ХРВАТСКА Е МОЖНО ОГРАНИЧУВАЊЕ И НА ЦЕНИТЕ НА ГРАДЕЖНИТЕ МАТЕРИЈАЛИ?
26.02.2025
Градежниот сектор во Хрватска со години се соочува со недостиг на работна сила, но градежниците велат дека во моментов најмногу ги мачат високите цени на материјалите. Тоа се одразува и на цените на недвижностите, поради што Владата размислува да ги ограничи цените на градежните материјали.
Бранко Бачиќ, вицепремиер и министер за просторно планирање, градежништво и државен имот, објаснува дека решението би можело да биде ограничување на цените на градежните материјали.
- Цената на цементот во Хрватска забрзано расте, а исто е со стаклото. Ќе видиме дали и колку можеме да повлечеме одредени мерки за да го овозможиме или ограничиме ова поскапување, што на крајот придонесува за зголемување на цените на недвижностите во Хрватска, додава тој.
Покрај високите цени на градежните материјали, секторот се соочува со уште два проблема: недостаток на приватни инвестиции и недостаток на работна сила. Градежниот сектор во Хрватска вработува 150.000 луѓе, но поради зголемениот обем на работа, годишно има недостиг од 8 до 9.000 работници, пренесува ХРТ.
фото freepic