Економија

МЕКСИКО ЗАБРАНУВА САДЕЊЕ НА ГМ ПЧЕНКА, ЗА ДА СЕ ЗАШТИТИ АВТОХТОНАТА СОРТА

Мексико официјално забранува садење на генетски модифицирана пченка, а оваа земјоделска реформа  беше усвоена со 409 гласа „за“ и 69 „против“. Со оваа промена автохтоната пченка беше означена како „елемент на националниот идентитет“, додека ГМ пченката беше официјално забранета да се сади во Мексико, објави Ројтерс. Реформата сега оди во Сенатот за конечно одобрување.

Иницијативата на мексиканската претседателка Клаудија Шејнбаум дојде откако комисијата за трговски спорови во декември донесе одлука дека Мексико го прекршува Договорот САД-Мексико-Канада (USMCA) со воведување ограничувања на ГМ пченката, која главно се увезува од САД.

Како резултат на тоа, Мексико ги укина ограничувањата за увоз на ГМ пченка за човечка исхрана, добиточна храна и индустриски потреби.

Мексико веќе го забрани комерцијалното садење на ГМ сорти пченка, тврдејќи дека тие можат да ги контаминираат автохтоните сорти. Претседателката на Мексико вети дека официјално ќе го забрани садењето на ГМ пченка и со измени во Уставот, пренесува „Политика“.


фото freepic 

ПРЕПОРАЧАНО