Економија

ТРАМП ОДЛУЧИ: ВОВЕДУВАМЕ ЦАРИНИ НА УВОЗОТ ОД ЕВРОПСКАТА УНИЈА

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека одлучил да воведе царини од 25 отсто на увозот од Европската Унија, објави „Фајненшл тајмс“.

Трамп упатил остри критики до ЕУ и дополни дека „ ЕУ е основана за да ги измами САД“.

- Донесовме одлука и наскоро ќе ја објавиме. Ќе биде 25 проценти, рече американскиот претседател за време на состанокот на владата.

Повисоките царини ќе важат „општо“, иако рече дека тие особено ќе го погодат увозот на автомобили.

Одлуката за воведување царини дојде откако Трамп веќе воведе слични царини за увоз на челик и алуминиум, што предизвика силни реакции кај меѓународните партнери. Европската унија изрази „длабоко жалење“ поради овие мерки и најави решителен одговор за заштита на своите економски интереси. Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен рече дека ЕУ ќе преземе „силни и пропорционални контрамерки“ како одговор на американските царини.

Воведувањето царина од 25 отсто за увоз на автомобили од ЕУ може значително да влијае на европската автомобилска индустрија, која е еден од клучните сектори на европската економија. Овие мерки се очекува да доведат до зголемување на цените на автомобилите на американскиот пазар, што може да ја намали побарувачката и негативно да влијае на производителите, пренесе „Сеебиз“.


фото МИА

 

ПРЕПОРАЧАНО