Економија

ФРАНЦУЗИТЕ ВО АПРИЛ ЌЕ ПОДНЕСАТ ИЗВЕШТАЈ КАКВА НУКЛЕАРНА ЦЕНТРАЛА И ТРЕБА НА СРБИЈА?

Србија веќе започна соработка со француската електроенергетска компанија ЕДФ за развој на нуклеарна енергија, а овој месец се одржаа работилници посветени на развојот на човечките ресурси и вклучувањето на домашната индустрија во потенцијалната изградба на нуклеарна централа, пишува „Данас“. Извештајот за развојот на проектот ќе биде претставен пред Владата на Србија во април оваа година. Врз основа на оваа анализа Србија ќе одлучи дали ќе гради мали модуларни реактори или голема нуклеарна централа.

Во август минатата година ЕДФ, најголемата компанија за електрична енергија во Франција и еден од водечките светски оператори на нуклеарни централи, потпиша договор со српското Министерство за рударство и енергија за соработка во областа на нуклеарната енергија. Договорот вклучува обука на стручен кадар, подигање на јавната свест и развој на синџирот на снабдување.

Планирано е да се создадат академски програми и специјализирани курсеви за обука за техничарите и инженерите да можат да ги стекнат потребните вештини за управување со нуклеарна централа.

ЕДФ моментално управува со 66 нуклеарни реактори во Европа (57 во Франција).


фото freepic 

 

ПРЕПОРАЧАНО