Економија
КВАРТАЛЕН РАСТ НА БДП НА СРБИЈА
28.02.2025
Реалниот раст на бруто домашниот производ (БДП) на Србија во четвртиот квартал од 2024 година, во однос на истиот период лани, изнесува 3,3 отсто, објави денеска Заводот за статистика на Република Србија (СРС).
Сезонски прилагодените податоци покажуваат раст на бруто домашниот производ во четвртиот квартал од 2024 година од 1,1 отсто во споредба со претходниот квартал.
Реалниот раст на бруто домашниот производ во 2024 година, остварен на квартална основа, изнесува 3,9 отсто во однос на претходната година, а годишната стапка на раст како резултат на годишната пресметка ќе биде објавена на 1 октомври 2025 година.
фото freepic