Економија
Индија го гради најдолгиот гасовод во светот
01.03.2025
Индиските државни рафинерии целосно ќе го пуштат во употреба најдолгиот гасовод за течен нафтен гас во светот до јуни, што значително ќе ги намали трошоците за транспорт на овој енергент. Проектот вреден 1,3 милијарди долари треба да ги замени стотиците камиони кои се движат низ земјата за да транспортираат гасот, притоа зголемувајќи го ризикот од несреќи.
Во декември загинаа 20 лица, 45 беа повредени, а десетици возила беа оштетени откако камион удри во возило на индиската нафтена компанија во северозападниот град Џајпур.
Три компании заеднички ја формираа IHB за да постават гасовод долг 2.800 километри од Кандла на западниот брег до градот Горахпур на север.
Преку гасоводната мрежа ќе може да се транспортира околу 8,3 милиони тони ТНГ годишно, или околу 25 отсто од вкупната побарувачка на Индија. Локалната употреба на гасот , главно потребно за готвење дома, порасна за четири петтини во текот на изминатата деценија на 29,6 милиони тони во 2024 година, пренесе Б92.
фото freepic