Економија

ЛОШИ СИГНАЛИ ЗА АМЕРИКАНСКИОТ БДП ВО ПРВИОТ КВАРТАЛ ГОДИНАВА!

Првите економски податоци за првото тромесечие во 2025 година укажуваат на негативен раст во САД. Според истражувањата на Банката на федерални резерви на Атланта,  бруто домашниот производ ќе се намали за 1,5% во периодот јануари-март годинава.

Новите показатели покажаа дека потрошувачите потрошиле помалку од очекуваното за време на лошите временски услови во јануари, а извозот на американската економија е послаб.

Министерството за трговија објави дека личните трошоци паднале за 0,2% во јануари. Истовремено, придонесот на нето-извозот се намали  од -0,41 процентни поени на -3,7 процентни поени.

Комбинацијата на податоци и нивното влијание врз изгледите за раст доаѓа со анкетите кои покажуваат опаѓање на довербата на потрошувачите и загриженоста за зголемената инфлација во САД, пренесуваат медиумите во регионот.


фото freepic 

 

ПРЕПОРАЧАНО