Кризата во автомобилската индустрија со мало задоцнување почна да се одразува во производниот сектор во Србија, каде голем број на компании се ангажирани на производство на автомобилски компоненти. Автомобилската индустрија во Европската Унија вработува околу 13,2 милиони луѓе, а во Србија работат 100 илјади лица. По најавите за затворање на фабриката во Зрењанин од германската компанија “Дрекслмајер“ се повеќе се поставува прашањето за иднината на другите компании од автомобилскиот сектор во Србија.
Професорот на Економскиот факултет во Белград Душан Марковиќ изјави за „Данас“ дека на крајот на 2023 година работеле околу 150 фирми во автомобилскиот сектор. Неизвесноста е поголема ако се има предвид дека автомобилската индустрија во Србија е претежно насочена на пазарот на Европа.
- Продажбата на автомобили во Европа незначително се зголеми минатата година, но со високо ниво на неизвесност. Овој бран го почуствувавме со задоцнување, бидејќи кај нив овие движења се случија една година порано, објаснува Марковиќ.