Економијата на Турција забрза во четвртиот квартал од 2024 година, што сигнализира намалување на притисокот од високите трошоци за задолжување, покажуваат податоците на Турскиот статистички институт (ТУИК).
Во периодот од октомври до декември, економската активност во земјата е зголемена за три отсто во однос на истиот период од 2023 година. Во претходниот квартал таа пораснала за 2,2 отсто.
На квартална основа е зголемен за 1,7 отсто, покажуваат сезонските и календарски приспособените податоци на Заводот за статистика, што сигнализира закрепнување по стагнацијата во летните месеци.
Во цела минатата година, турскиот БДП порасна за 3,2 отсто, по скокот од 4,5 отсто во 2023 година. Првично се прогнозираше раст од 3,5 отсто за 2024 година, но потоа беше намалена прогнозата, земајќи ги предвид флуктуациите на домашната побарувачка и напорите на централната банка да ја ограничи инфлацијата.
Така, референтната каматна стапка беше зголемена за 4,15 процентни поени и во март минатата година изнесуваше дури 50 отсто.
Инфлацијата во такви услови ослабе од 75 на 47 отсто, но рестриктивната монетарна политика, по годините со ниски каматни стапки во обид да се стимулира економскиот раст, се одрази на домашната побарувачка.
Во 2024 година, потрошувачката на домаќинствата порасна за 3,7 отсто, за три пати послабо од претходната година.
Извозот на стоки и услуги покажа знаци на закрепнување, со стапка на раст од 0,9 отсто. Во 2023 година се намали за 2,7 отсто.
Увозот е намален за 4,1 отсто, по скокот од 11,7 отсто во 2023 година.
Минатата година најголем пораст на додадената вредност во Турција има во градежниот сектор и тоа за дури 9,3 отсто. Следува секторот финансиски и осигурителни дејности со раст на додадената вредност од 4,9 отсто, покажуваат податоците на заводот за статистика, пренесува „Бизнис.ба“.
фото freepic