Економија
ДАНСКА СО НАЈГОЛЕМО УЧЕСТВО НА ЖЕНИ НАУЧНИЦИ ВО ЕУ
02.03.2025
Во Европската Унија во 2023 година имало 7,7 милиони вработени како научници и инженери, околу 380.000 повеќе отколку во 2022 година, покажуваат податоците на Европската статистичка служба - Евростат.
Жените претставуваа 41 процент од работната сила на научниците и инженерите. Овој удел е поголем во услужните дејности (45,6 отсто), додека во оние кои се однесуваат на производството жените учествуваат со 22,4 отсто, а во другите дејности ова учество изнесува 23,9 отсто, пренесува „Данас“.
Меѓу земјите на ЕУ, учеството на женските научници и инженери е највисоко во Данска (50,8 отсто), Шпанија (50 отсто), Бугарија, Латвија и Ирска (49 отсто).
Најмала застапеност има во Унгарија (34,1 отсто), Финска (31,4 отсто), Италија (34,1 отсто) и Словачка и Малта (34,3 отсто).
фото freepic