Економија

ЕНЕРГЕТСКА СИРОМАШТИЈА ВО ЕУ, ЗАТОПОЛУВАЊЕ НА ДОМОТ ПРЕСТАВУВА ПРОБЛЕМ ЗА ЗГОЛЕМЕН БРОЈОТ НА ВРАБОТЕНИ ЛИЦА

Бројот на луѓе во Европската Унија кои не можат да си дозволат да ги загреат своите домови се зголеми за 16 милиони во периодот на растот на инфлацијата и на цените, а најголем дел од овие луѓе беа вработени.

Европската конфедерација на синдикати (ETUC) предупредува дека Европа се движи кон енергетска сиромаштија, побрзо од пред неколку години. Според пресметките на ETUC, врз основа на податоците на Евростат, бројот на вработени кои не можат да си дозволат греење се зголемил од седум отсто од населението на ЕУ на 10,6, што е зголемување за десет милиони работници.

Според нивните проценки, во 2019 година седум отсто од населението на ЕУ, или 30,7 милиони луѓе, не можеле да си дозволат греење. Меѓу тие 30 милиони вработени се дури 13,4 милиони. Сепак, најновите податоци покажуваат дека процентот на луѓе кои живеат во енергетска сиромаштија ќе се зголеми на 10,6 проценти во 2023 година, што одговара на околу 47,5 милиони луѓе, вклучително и 23,7 милиони вработени лица, пренесува „Блиц“.


фото freepic 

ПРЕПОРАЧАНО