Економија
СТАПУВА НА СИЛА „ЦАРИНСКАТА КАЗНА“ ЗА МЕКСИКО И КАНАДА
04.03.2025
Новите царини за Мексико и Канада што ги најави американскиот претседател Доналд Трамп, заедно со зголемувањето на царините од 10 отсто за кинеските производи, стапија на сила.
Увозот од Канада и Мексико сега ќе се оданочува со стапка од 25%, а канадските енергетски производи ќе бидат „оцаринети“ со пониска стапка од 10%. Администрацијата на Трамп, исто така, постави дополнителни тарифи од 10% за целиот увоз од Кина, на претходните 10% што Трамп веќе ги воведе во февруари.
Американскиот претседател Доналд Трамп вчера изјави дека најавените царини од 25 отсто за Мексико и Канада ќе стапат на сила денеска, додавајќи дека двете земји и американските трговски партнери „немаат простор“ да преговараат понатаму за ова прашање.
Трамп посочи дека царините служат за „казнување“ на земјите кои, како што рече, земаат од американската економија и не и враќаат доволно, пренесува Си-Ен-Ен.
фото freepic