Економија
ЕУ СО НАМАЛЕНА ТРГОВСКА РАЗМЕНА СО КИНА
04.03.2025
Во 2024 година вредноста на извозот на Европската Унија во Кина изнесува 213,3 милијарди евра, а увозот е 517,8 милијарди евра, што резултирало со трговски дефицит од 304,5 милијарди евра.
Кина беше најголемиот трговски партнер на ЕУ за увоз (21,3 отсто од вкупниот увоз надвор од ЕУ) и трет најголем партнер за извоз (8,3 отсто од вкупниот извоз надвор од ЕУ).
Во однос на 2023 година, увозот и извозот се намалени за 0,5 отсто, односно 4,5 отсто.
Помеѓу 2014 и 2024 година увозот од Кина е зголемен за 101,9 отсто, додека извозот е зголемен за 47,0 отсто.
Во 2024 година, најмногу увезени производи од Кина беа електрични машини, апарати и електрични делови (вредни 96,8 милијарди евра). Телекомуникации и аудио опрема (60,9 милијарди евра) и канцелариски и машини за обработка на податоци, како што се персонални компјутери, сервери и други (45,9 милијарди евра). Овие три ставки сочинуваат 39,3 отсто од вкупниот увоз од Кина.
фото freepic