Економија

ГРАДЕЖНИШТВОТО ГО ЗГОЛЕМИ МАКЕДОНСКИОТ БДП ЗА 2024 ГОДИНА

Македонскиот бруто-домашен производ (БДП) забележа раст од 3,2 проценти во последниот квартал од 2024 година, со што вкупниот раст на БДП за целата година достигна 2,8 отсто, соопшти денеска портпаролката на Влада на Република Северна Македонија, Марија Митева.

Главни фактори за растот на БДП, како што информираше Митева на денешната прес-конференција, се растот од 13,2 отсто во градежништвото и порастот од 10,6 проценти во стручни, научни и технички дејности.

- Станува збор за раст во секторот градежништво, значителен раст од (13,2%) во овој сектор ги потврдува зголемените инвестиции и активност во инфраструктурни проекти. Повеќе јавни и приватни инвестиции, придонесуваат за зголемена активност во градежниот сектор, кој стана водечка индустрија за раст на БДП. Го имаме и зголемениот пораст во стручни, научни и технички дејности, овој сектор пак се покажа како еден од клучните двигатели на економијата, во контекст на зголеменото внимание на иновациите, технолошкиот напредок и дигитализацијата, што директно влијае на продуктивноста и конкурентноста на македонската економија каде има пораст од 10,6%, рече Митева.

Дополнително, како што рече, 2024 година постави историска пресвртница во странските директни инвестиции, кои достигнаа 1 милијарда и 255 милиони евра.


 

Извор МИА 

ПРЕПОРАЧАНО