Економија

РАСТ НА ПРОИЗВОДНИТЕ ЦЕНИ ВО ЕУ, НАЈВИСОК РАСТ ВО ЕНЕРГЕТСКИОТ СЕКТОР

Цените на производителите во еврозоната и индустријата на Европската Унија  пораснале за 0,8 отсто во јануари во споредба со декември, кога во еврозоната се зголемени за 0,5 отсто и во ЕУ за 0,4 отсто, објави Европскиот завод за статистика.

Најголем раст повторно е забележан во енергетскиот сектор, каде цените скокнале за 1,7 отсто во еврозоната и 1,8 отсто во ЕУ, што е значително поизразен раст во однос на крајот на минатата година, пренесува „Хина“.

Без енергетскиот сектор, цените на производителите во индустријата во еврозоната се зголемија за 0,4 отсто, додека во ЕУ пораснаа за 0,3 отсто.

Меѓу земјите-членки, Ирска има највисок пораст на цените на производителите во јануари – дури 6,2 отсто во споредба со претходниот месец. Најизразен пад забележа Португалија, каде што производствените цени се намалија за 2,2 отсто, пренесува „Бизнис.ба“.


фото freepic 

ПРЕПОРАЧАНО