Економија

28-мо годишно глобално истражување за извршни директори на PwC

Резултатите од 28-то годишно глобално истражување за извршни директори покажуваат дека директорите во Северна Македонија (РСМ) и регионот започнале со инвестиции во генеративна вештачка интелигенција (ГенВИ), направиле одржливи инвестиции и почнале да преземаат акции за редефинирање на нивните бизнис модели за да генерираат нова вредност. Сепак, не сите извршни директори се движат со исто темпо. Многумина сè уште се движат бавно, ограничени од сопствените лидерски размислувања и процеси кои резултираат со отпорност.
Втората група има две опции: или да ги забрзаат своите напори за трансформација на бизнис моделите, операциите и стратегиите за да останат конкурентни и релевантни во пресрет на промените, или да го изберат поризичниот пат и да направат само мали прилагодувања на нивните сегашни бизнис модели, надевајќи се дека мали промени ќе бидат доволни за да продолжат да постигнуваат успех, и покрај поголемите промени во економијата.

Како ќе изгледа глобалната економија во 2035 година? Иако има многу можни сценарија, сите зависат од тоа како владите, компаниите и граѓанското општество ќе одговорат на заканите поврзани со климатските промени и историската можност која ја дава ВИ. Со разбирање како овие два мегатрендови ќе се одразат на бизнисот, извршните директори во Северна Македонија ќе имаат можност да ги изберат вистинските чекори за понатаму, независно дали се работи за редефинирање на нивните бизнис модели, бизнис операции, употребата на технологија, енергија и други ретки ресурси.
Извршните директори во Северна Македонија треба сериозно да размислат за одговорите на следните прашања:
• Дали се движите доволно брзо и дисциплинирано да вградите ВИ (особено ГенВИ) во работните текови и процеси? Додека работите на ова, дали приоретизирате употреба на одговорни практики за ВИ да ја обезбедите довербата од Вашите соработници и клиенти?
• Кои неискористени можности постојат за пораст на приходите и профитабилноста со додавање производи и услуги поврзани со климатските промени во Вашето портфолио?
• Дали имате јасна слика за потенцијалот на промена на структурата и границите на Вашата индустрија – и како деловните операции, способностите и бизнис моделот на Вашата компанија треба да се сменат- земајќи ги во предвид можностите и ограничувањата кои ги поставува технологијата и климатските промени?
• Дали инвестирате доволно (и вложувате талент) во најголемите приоритети? Кои подобрувања на процесите може да ја унапредат реалокацијата на ресурси и квалитетот на одлуки?
• За извршните директори со краток мандат: Ако имате можност да се задржите на позицијата подолго, што би направиле поинаку?
Овогодинешното истражување потврдува дека некои извршни директори во Северна Македонија веќе почнале да одговараат на прашањата погоре. Предизвикот за извршните директори е да одржат моментум при што ќе останат претпазливи на економските, геополитички и други ризици.
За извршните директори кои немаат почнато, не е предоцна, но веќе заостануваат. Тие треба брзо да ги разберат променливите потреби на нивните потрошувачи и компетитивната средина и да постават јасни приоритети, ефикасно да ги реалоцираат ресурсите и да бидат оптимисти за иднината.

ПРЕПОРАЧАНО