Економија
ВО ИТАЛИЈА ПОСТАРИТЕ РАБОТНИЦИ СЕ ПОБРОЈНИ ОД РАБОТНИЦИТЕ ПОМЛАДИ ОД 35 ГОДИНИ!
08.03.2025
Работната сила во Италија старее и сега има речиси 10 милиони работници на возраст над 50 години, објави италијанскиот завод за статистика, Истат.
Во соопштението се наведува дека во јануари годинава во Италија имало 7,47 милиони работници помлади од 35 години, пренесе АНСА.
Италија има најстарото население во Европа, со просечна возраст во земјата од 48,7 години, објави Евростат во февруари.
Во соопштението се наведува дека ова е четири години повеќе од просечната возраст во Италија во периодот од 2014 до 2024 година, пренесува „Политика“.
фото freepic